Дома Топ вести СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни Ел Класика кои долго ќе се паметат (видео)

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни Ел Класика кои долго ќе се паметат (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од спортот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трката за титулата во Примера оваа сезона е исклучително интересна, па пандемијата ја стопира големата борба помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Додека чекаме првенството и борбата на големите ривали да продолжи добро време е да се потсетиме на неколку нивни легендарни дуели.

Реал Мадрид во 2003 година ја запиша една од најголемите победи над Барселона и славеше со високи 7:0.

Ел Класико кое долго ќе се памети е секако она од сезоната 2005/06 кога Барселона победи со 3:0, а целиот Сантиаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо.

Највисоката победа Барселона на Бернабеу ја запиша во сезоната 2008/09 кога предводена од Пеп Гвардиола го декласира Реал со 2:6.

Секако, долго ќе се памети и првото гостување на Жозе Мурињо со Реал Мадрид на Камп Ноу, кога беше поразена неговата дефанзивна тактика и прими пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

(Видео) Прослава на гол на навивачка од Мексико со бујни облини стана вирална

Победата на Мексико над Јужна Кореја со 1:0 на Светското првенство, покрај спортското возб…