Не требаше долго да се чека за да се огласи и Фенербахче по пишувањата за евентуален трансфер на Озил.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германскиот фудбалер со недели се поврзува со заминување од Арсенал чиј дрес го носи од 2013. година, а угледниот „Sky Sports“ како следна станица во кариерата го најави Фенербахче.
Од претходно е познато дека тимот од Истанбул бара искусен играч за врска, но се испостави дека во овој момент Озил, сепак, е голем залак за Канаринците. Тоа се потврди и со соопштение за медиумите.
„Озил во својата кариера успешно ја претставуваше нашата земја во странство (неговото потекло е турско). Сепак, не испративме никаква понуда, такво нешто не е возможно со оглед на економската ситуација“, стои во соопштението.
Потсетувме, Озил во моментов во Арсенал заработува 350,000 фунти неделно, а договорот му важи до 2021. година. Во својата кариера настапуваше за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.