Дома Трансфер зона Сега е јасно: Еве зошто Мурињо се откажа од Озил

Сега е јасно: Еве зошто Мурињо се откажа од Озил

mourinho

Германецот останува на „Емирати“ јасно е и зошто.

Голем број фудбалери на Арсенал тековната сезона ја започнаа со само една година до истекот на договорот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Двајца од нив го напуштија клубот, Алекс Окслејд-Чемберлејн, минатото лето го засили Ливерпул, а оваа зима Алексис Санчез премина од Арсенал во Манчестер Јунајтед.

Поради ваквите ситуации навивачите на Арсенал беа загрижени и за Месут Озил. Но, Германецот ги израдува и одлучи да потпише нов договор со „топчиите“.

Според англиските медиуми Озил одлучил да потпише нов договор бидејќи Манчестер Јунајтед се откажал од намерата да го доведе.

Имено, Мурињо целосно ги променил плановите кога забележал дека во своите редови може да го доведе Алексис Санчез, а кога тоа и му успеало во целост ја отфрлил можноста да го доведе Месут Озил.

Потоа Португалецот одлучи да го продолжи договорот и со Хуан Мата, фудбалер кој според многумина е сличен на Озил и кој е важен дел од Јунајтед, па поради сите овие случувања Мурињо одлучил дека Озил не му е потребен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…