Марко Џампаоло наскоро (веројатно до крајот на денот) ќе биде претставен како нов тренер на Милан, јавуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако Џенаро Гатузо не се избори за пласман во Лигата на шампионите си ги спакува куферите и си замина од „Сан Сиро“, а потрагата по негов наследник на траеше премногу долго.
Во моментот кога во Хрватска одмараше Марко Џампаоло доби повик од новиот технички директор на Милан, Паоло Малдини. Малдини на Џампаоло му го понудил тренерското столче во Милан кое тој го го прифатил.
Џампаоло веќе неколку дена се наоѓа во Милан и чека да го потпише договорот на две години, а сите дилеми се отстранети откако денес Сампдорија го ослободи од обврската.
? Risoluzione consensuale: il presidente #Ferrero e la #Sampdoria salutano e ringraziano #Giampaolo ➡️ https://t.co/jh3eT73nbN pic.twitter.com/DBfOnYrVfJ
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) June 15, 2019