Денес беше одржан ждребот за Вимблдон во кој Новак Ѓоковиќ ги дозна своите можни противници.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ждребот изгледа лесен за српскиот тенисер бидејќи се до завршницата не би може да игра со најголемите ривали. Во првото коло Ѓоковиќ ќе игра против 28-годишниот Аргентинец, Педро Качин кој се наоѓа на 55-тото место на АТП листата.
Во второто може да се соочи со Џордан Томпсон или Брендон Накашима. Во третата тунда потенцијан ривал му е Томас Мартин Ечвери, додека во четвртата може да се соочи со Лоренцо Музети и Хуберт Хркач.
Четвртфиналето може да донесе меч на Ѓоковиќ против Андреј Рубљов, Александар Бублик или Ник Кирјос, минатогодишниот финалист.
Евентуални ривали за полуфиналето се Каспер Руд, Јаникс Синер и Тејлор Фриц. Ѓоковиќ против Медведев или Алкараз може да игра само во финалето бидејќи се на другата половина на ждребот каде што се уште Холгер Рунде, Александар Зверев, Стефанос Циципас…
#Djokovic path at #Wimbledon:
— Saša Ozmo (@ozmo_sasa) June 30, 2023
1R:
2R:
3R: Etcheverry
4R: Musetti/Hurkacz
QF: Rublev/Bublik/Kyrgios
SF: Ruud/Sinner/Fritz
F: Alcaraz