Дома Топ вести Се сеќавате на Македа? Сега игра одлично и се најавува негов трансфер во Ла Лига!

Се сеќавате на Македа? Сега игра одлично и се најавува негов трансфер во Ла Лига!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед од кој многу се очекуваше, Федерико Македа наредната сезона би можел да игра во Примера.

Македа е играч кој во своите први два настапи за Манчестер Јунајтед постигнуваше голови и тоа беа важни голови за решавање на трката за титулата во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, како што се појави така и „исчезна . Неколку години одеше по позајмици каде што се обидуваше да ја пронајде својата форма. Тоа не му успеа во Сампдорија, КПР, Штутгарт, Донкастер, Бирмингем, а подоцна и во Кардиф кој го купи.

Пред две години потпиша за Панатинаикос и оваа сезона му оди добро, постигна 14 голови и подели три асистенции. Со тоа тој го сврте вниманието на себе.

Како што пишува шпански „АС“ клубови од Ла Лига се заинтересирани за неговите услуги и ќе се обидат да го доведат во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…