Дома Трансфер зона Се сеќавате ли на Хефрен од Барселона? Ева каде ќе настапува!

Се сеќавате ли на Хефрен од Барселона? Ева каде ќе настапува!

Поранешниот фудбалер на Барселона, Хефрен Саурез, повторно пронајде нов ангажман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хефрен некогаш беше голема надеж на Барселона, а со сигурност најмногу запаметен ќе остане по погодокот против Реал Мадрид во натпреварот во кој Барселона победи со 5:0 на „Ноу Кам“. Меѓутоa потоа овој фудбалер не се снајде најдобро во Барселона, па во 2011 година премина во Спортинг Лисабон.

29 годишниот напаѓач во Спортинг се задржа три сезони, а потоа се врати во Шпанија во дресот на Ваљадолид каде што помина само една сезона. Претходните две сезони настапуваше за Еупен, а ова лето повторно го промени клубот.

Имено, Хефрен, од наредната сезона ќе настапува за Грасхоперс, клуб со кој потпиша договор на две години. Многумина веруваа дека пред него е голема кариера, но Хефрен не ги оправда очекувањата.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…