Дома Трансфер зона Се прави место за Горецка: Баерн ја продава својата ѕвезда

Се прави место за Горецка: Баерн ја продава својата ѕвезда

Откако го договори трансферот на Леон Горецка од Шалке, раководството на Баерн Минхен ќе мора да продаде еден играч за врска, пренесуваат гермнаските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тиаго Алкантара или Артуро Видал ќе мора да го напуштат клубот. Баварците овеќе сакаат да го продадат Чилеанецот, но инетерсот од европските клубови спласна.

Конте го сакаше во Челзи, но Италијанецот сигурно го напушта Челзи, а проблем за Баварците е што Видал влегува во последната година од договорот.

Италијанските клубови се заинтересирани за Видал, но тешко дека ќе можат да си ја дозволат неговата плата од 7,5 милиони евра по сезона.

Германските медиуми тврдат дека многу ќе зависи од новиот тренер, но Видал е прв на листата кој треба да го напушти клубот, бидејќи и самиот сака да ја промени средината.

Интересот за Алкантара е многу поголем, но Баварците тешко дека ќе се одлучат да се ослободат од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…