Дома Фудбал Се појави видео како доказ: Лошиот терен е „виновникот“ за елиминацијата на Интер

Се појави видео како доказ: Лошиот терен е „виновникот“ за елиминацијата на Интер

Интер вчера беше елиминиран по изведувањето на пенали од Атлетико Мадрид. Првиот натпревар „нероаѕурите“ го добија со 1:0, но денеска беа поразени со 2:1, а во пенал серијата избраниците на Диего Симеоне беа посигурно.

Пеналите кај Италијанците ги промашија Алексис Санчез, Дејви Класен и Лаутаро Мартинез. Посебно лошо пеналот го изведе Лаутаро кој шутираше високо над голот.

По натпреварот се појави видео на кое може да се види дека Аргентинецот некако ја придвижил малку топката пред ударот.

Тоа се случува во последниот чекор. Топката во тој момент се крена од земја, па на крајот Мартинез не можеше да ја удри нака како што сакаше, па таа заврши високо над пречката.

ВИДЕОТО ОД ОВАА СИТУАЦИЈА МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Вардар до репрезентацијата: Гаштаров ја користи шансата кај Риера

Матеј Гаштаров го зацврстува местото во Црвена звезда и веќе има четири настапи за сениорс…