Дома Фудбал Италија Се огласија од Барса: Де Лихт го избра Јувентус поради пари

Се огласија од Барса: Де Лихт го избра Јувентус поради пари

Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт во изминатото лето беше еден од најбараните фудбалери во Европа, на крајот го избра Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Лихт минатата сезона воодушеви со настапите во дресот на Ајакс и на себе го сврте вниманието на многу клубови. Долго време се поврзуваше со трансфер во Барселона, меѓутоа на изненадувачки на крајот Јувентус ја доби трката.

Сега иако поминаа неколку месеци директорот на каталонскиот клуб, Оскар Грау изјави дека знае поради што Де Лихт завршил во Јувентус.

„Испративме понуда за него, но тој го избра Јувентус. Тоа го направи затоа што во Торино ќе заработи повеќе пари. Италијанскиот закон за данок е таков што играчот на крај добива повеќе пари отколку кај нас. Многу се трудевме околу него, испраќавме понуди, но не можевме ништо повеќе“, изјави Грау.

Потоа тој даде коментар околу сагата за Нејмар која траеше со месеци.

„Вистина е се обидовме да го вратиме Нејмар и тоа сега сите го знаат. За него испративме неколку понуди. Имавме само парична понуда, но и понуда во кој вклучивме некои од нашите играчи. Сепак, не постигнавме договор со ПСЖ“, откри Грау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …