Дома Останати Тенис Се огласи и мајката на Ѓоковиќ: Како едвај да чекаа вакво нешто

Се огласи и мајката на Ѓоковиќ: Како едвај да чекаа вакво нешто

Новак Ѓоковиќ е на удар на јавноста откако на „Адрија Тур“ турнирот кој го организираше се заразија неколку тенисери меѓу кои и самиот тој.

Српскиот тенисер во Белград и Задар организираше турнир на кои присуствуваа голем број гледачи и каде што тие се дружеа со тенисерите. Покрај спортот, тие и добро се забавуваа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога Димитров беше првиот тенисер кој се покажа како позитивен на коронавирус, турнирот веднаш се прекина, а Ѓоковиќ почна да добива страшни критики. Сега во јавноста се огласи неговата мајка.

„Страшно е ова што се пишува, но ние веќе се навикнавме. Како едвај да чекаа вакво нешто, очигледно Новак им пречи“, започна мајката на Новак, Дијана.

Таа потврди и дека сите се чувствуваа добро.

„Сите сме добро, како и Новак и Јелена. Тоа што е позитивен не значи дека е болен. Тој е млад човек кој лесно ќе го надине ова. Всушност мислам дека овој вирус е при крај, не е силен како на почетокот“, изјави Дијана Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…