Дома Фудбал Останато Светското клупско првенство се сели во Африка?

Светското клупско првенство се сели во Африка?

Jaпонија го откажа домаќинството на Светското клупско првенство и тоа претставува грижи кај челниците на ФИФА.

Како нов кандидат се појави Саудиска Арабија, клубовите не се посебно воодушевени од предлогот, а во трката наводно влегла и една афричка земја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка потврди дека го сака домаќинството на Мундијалот за клубови.

„Точно е заинтересирани сме, не чекаат состаноци со организаторите на ФИФА и се ќе се знае до крајот на неделата“; потврди претседателот на сојузот Дени Џордан.

Јужна Африка самостојно го организираше Светското првенство во 2010 година и тогаш значително ја подобри инфраструктурата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…