Дома Фудбал Англија Саутемптон му врачи отказ на Марк Хјуз после ремито со Јунајтед

Саутемптон му врачи отказ на Марк Хјуз после ремито со Јунајтед

Менаџерот на Саутемптон, Марк Хјуз денес доби отказ и покрај фактот што во саботата неговиот тим одигра одличен меч против Манчестер Јунајтед кој заврши 2:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тоа беше 10-ти последователен меч на „светците“ без победа, па раководсвото реши да го отпушти Марк Хјуз.

„Му благодариме на Марк Хјуз за досегашната работа, но донесена е одлука во идните натпревари да тргнеме со нов тренер. Потрагата по негов наследник е веќе стартувана“, соопшти Саутемптон.

На натпреварот против Тотенхем во среда клубот ќе го води Келвин Дејвис, единствениот од стручниот штаб на Хјуз кој остана во клубот.

Инаку, медиумите во Англија веднаш почнаа да шпекулираат со наследници на Хјуз, па низ јавноста се споменуваат имињата на Леонардо Жардим, Најџел Персон, Дејвид Мојс и Мартин Онил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …