Дома Трансфер зона Саудијците имаат нова мета – Ријад Марез!

Саудијците имаат нова мета – Ријад Марез!

Oд ден во ден нови фудбалери се поврзуваат со трансфер во Судиска Арабија, па сега дојде редот и на Ријад Марез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на Ал Ахли сака во своите редови да го доведе Алжирецот, пренесува Фабрицио Романо. Се уште не се забележани сериозни контакти, а Сити нема да сака да го пушти како слободен агент.

Ал Ахли е дел од „големата четворка“ во саудискиот фудбал заедно со Ал Итихад, Ал Наср и Ал Хилал. Овие клубови се во сопственост на државниот фонд кој го купи Њукасл и во договор со Владата, државата раководи со нив. Законите во Саудиска Арабија тоа го дозволуваат.

Карим Бензема и Нголо Канте се преселија во Ал Итихад, Роналдо е во Ал Наср, а Ал Хилал до последниот ден се бореше да го доведе Меси.

Марез сезонава во сите натпреварувања за Сити постигна 15 голови и подели 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…