Дома Фудбал Италија Сари: Киелини сам се замени

Сари: Киелини сам се замени

Јувентус со 2:0 и со не толку блескава игра ја победи Бреша, а во последните 15-тина минути на теренот го видовме Џорџо Киелини.

Киелини се врати на терените после скоро шест месеци. Искусниот стопер заработи повреда уште во првото коло против Парма кога постигна гол и донесе победа на „старата дама“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Сари после натпреварот изјави дека капитенот на Јувентус сам се заменил. Киелини се појавил во дрес и му кажал на Сари дека сака да игра.

„Искрен да бидам Киелини сам се замени. Се свртев и тој беше пред мене облечен во дрес. Од саботата бараше да добие десетина минути. Не можев да го одбијам“, изјави Сари.

Враќањето на Киелини сигурно ќе биде охрабрување за Јувентус во продолжение од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…