Дома Трансфер зона Сари даде согласност, Наполи тргнува по поранешниот фудбалер на Сити!

Сари даде согласност, Наполи тргнува по поранешниот фудбалер на Сити!

Лидерот во Серија А покажува сериозен интерес за напаѓачот на Коринтијас.

Според информациите од Јужна Америка, Наполи е во потрага по замена за повредениот напаѓач Аркадиуш Милик.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилскиот „ЕСПН“ пренесува дека клубот од Неапол покажал сериозен интерес за Бразилецот Жоау Алвес Де Асис Силва (30) скратено Жо, кој во овој момент го преводи нападот на Коринтијас.

Да потсетиме се работи за бразилски напаѓач кој во Европа беше фантастичен, а подоцна настапуваше и во дресот на Манчестер Сити.

Пртвите контакти со напаѓачот веќе биле воспоставени и тренерот Маурцио Сари дал согласност за доведување на искусниот фудбалер, а се очекува конкретната реализација да започна во моментот кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок во јануари.

Во досегашниот дел од сезоната Жо во дресот на Коринтијас постигна 13 погодоци на 29 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…