Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сантош: Роналдо не беше задоволен што беше резерва

Сантош: Роналдо не беше задоволен што беше резерва

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош на прес-конференцијата пред четвртфиналето против Мароко најмногу зборуваше за ситуацијата со Кристијано Роналдо и наводната негова закана за заминување од Светското првенство.

Вчера Португалската федерација ги демантираше таквите информации, а денес тоа го демантираше селекторот на Сантош.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нормално, дека не беше задоволен што беше резерва. Затоа разговарав со него и му ги објаснив работите, но покажа почитување. Се однесуваше како капитен и во ниту еден момент не се закани со заминување. Не треба да се фокусираме само на Роналдо, на клупата се однесуваше капитенски и ги поддржуваше соиграчите“, изјави Сантош.

Доби прашање Сантош и за ситуацијата во која Роналдо си замина прв во соблекувалната додека останатите ја славеа победата.

„Прв ги поздрави фановите, па затоа и прв се упати во соблекувалната“, истакан португалскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…