Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
„Граѓаните“ добија драконска казна од европската куќа на фудбалот поради кршење на правилата од Финансискиот Фер плеј. Тоа ќе доведе и до значително кратење на парите за плати на играчите, па тоа само ќе го забрза трансферот.
23-годишниот Сане е дете на Шалке, а од 2016 година се пресели во Сити, каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.