Дома Топ вести Само уште „три чисти“ мрежи го делат Димитриевски од клупски рекорд!

Само уште „три чисти“ мрежи го делат Димитриевски од клупски рекорд!

Македонскиот голман Столе Димитриевски брани во фантастична форма на голот на Рајо Ваљекано, а со неговите добри настапи на голот и Рајо бележи добри резултати, па се бори дури и за излез во Лигата на шампионите.

Каква е формата на Димитриевски доволно зборува што само Тер Штеген е пред него кога во прашање се „чистите мрежи“ оваа сезона во Ла Лига (ТУКА). Зад Димитриевски се голмани како Тибо Куртао, Унаи Симон, Јан Облак…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Димитриевски е многу блиску и до клупски рекорд на Рајо. Имено, ако македонскиот голман не прими гол на три средби во преостанатите 18 натпревари ќе ги надмине клупските рекордери. Пред него со девет е Рубен Мартинез од сезоната 2013/2014, додека на врвот е Контрерас од сезоната 1996/1997.

Димитриевски својата мрежа досега во првенството ја сочува. Двапати против Барселона, Еспањол, Гетафе, Севиља, Селта Виго, Ваљадолид, Виљареал и Алмерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…