Дома Топ вести Само Мбапе би бил пред него: Барселона испраќа понуда за Јовиќ!

Само Мбапе би бил пред него: Барселона испраќа понуда за Јовиќ!

Реномираниот британски медиум „Гардијан“ најави дека Барселона во наредните недели ќе ја испрати официјалната понуда за Лука Јовиќ.

Според информациите на овој медиум делегација на Барселона го следела натпреварот помеѓу Ајнтрахт и и Интер, а свој скаути Барселона имала и на вчерашниот натпревар помеѓу Србија и Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот на „Гардијан“, Фабрисио Романо пишува дека Барселона е спремна да плати сума од 50 милиони евра за Јовиќ. Но, се додава дека Ајнтрахт многу веројатно ќе бара износ помеѓу 65 и 70 милиони евра.

Ако овој трансфер се реализира тогаш Јовиќ би станал вториот најскап фудбалер под 21 година. На врвот без конкуренција ќе остане Килијан Мбапе за кого Пари Сен Жермен на Монако му плати сума од 180 милиони евра.

Оваа сезона српскиот напаѓач на 36 натпревари постигна 22 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…