Дома Фудбал Останато Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси потпиша согласност за преселба во Барселона сега таа е продадена за сума од 888.000 евра.

На салфетката, потпишана со сино мастило во декември 2000 година, е наведено ветувањето од тогашниот директор на Барселона, Карлес Рексач дека ќе потпише договор за ангажирање на Меси.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Исто така, потпишана е и од Жосеп Мингела, советник за трансфери во Барселона, и од агентот Хорасио Гагиоли, кој го препорачал младиот аргентински фудбалер.

„Во Барселона, 14 декември 2000 година Карлес Рексач, спортскиот директор на Барселона се согласува, под целосна одговорност и без оглед на спротивните мислења, да потпише договор со Меси под услов да се придржуваме кон договорените износи“, пишува на салфетката.

„Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави  британската аукциска куќа Бонамс.

Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Флик

Ханси Флик ќе биде нов тренер на Барселона, иако тој се уште не е регистриран поради финан…