Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ за ѕвездата на Баерн: Тоа е аматерски потег

Салихамиџиќ за ѕвездата на Баерн: Тоа е аматерски потег

Баерн Минхен синоќа се спасуваше од пораз против Келн и одигра 1:1 против Келн на „Алијанц Арена“.

Директорот Салихамиџиќ по мечот го нападна Серж Гнабри кој беше изваден од игра уште на полувреме.

Гнабри го искористи својот слободен ден во понеделникот за да замине на модната недела во Париз, па доби големи критики.

„Тоа е аматерски потег од Гнабри, тоа едноставно се коси со размислувањето во Баерн Минхен. Слободен ден се дава за да се одморите, а потоа да притиснете на педалот за гас на следниот натпревар. Слободен ден не се користи за да потрошите време, сигурно ќе зборуваме за ова“, изјави спортскиот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира Андерсон ако Сити се казни

Манчестер Јунајтед може да добие нова шанса за потпис со Елиот Андерсон ако Манчестер Сити…