Дома Фудбал Лига на шампиони Русите реагираат: Зошто ни е одземено финалето во Лигата на шампионите?

Русите реагираат: Зошто ни е одземено финалето во Лигата на шампионите?

На вонредниот состанок кој се одржа денес УЕФА го одзема домаќинството на Санкт Петербург за финалето во Лигата на шампионите.

Финалето сега место во Русија ќе се игра во Франција. Покрај тоа беше одлучено на неодредено време украинските и руските клубови да играат на неутрален терен. Од Русија ја критикуваат одлуката да им се одземе финалето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Најважото и најпрестижното од сите натпреварувања беше Лигата на шампионите во Санкт Петербург и долго се припремавме. Направено беше се по највисоки критериуми и од безбедносен аспект. Веруваме дека оваа одлука е донесена полтитички, а нашиот сојуз секогаш се водел по правилото спортот да биде надвор од политиката и затоа не се сложуваме со оваа одлука“.

„Не ја поддржуваме и одлуката натпреварите во кои учествуваат руски клубови да се играат на неутрален терен, тоа ги крши спортските принципи и е во спротивност од интересот на играчите, тренерите и навивачите“, ијави претседателот на рускиот фудбалски сојуз Александар Ѓуков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…