Дома Фудбал Руни му одговори на Роналдо: Го стигнуваат годините и тешко му е

Руни му одговори на Роналдо: Го стигнуваат годините и тешко му е

Кристиано Роналдо во бомбастичното интервју меѓу другото кажа дека Вејн Руни му е љубоморен затоа што сè уште игра на врвно ниво.

„Не знам зошто Вејн Руни ме критикува толку често. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на врвно ниво. Исто така е точно дека изгледам подобро од него”, изјави 37-годишниот Португалец.

Руни беше на „Глоуб Сокер Авордс“ во Дубаи, па веднаш му одговори на Роналдо пред новинарие.

„Роналдо е одличен фудбалер, како што кажав и претходно. Еден од најдобрите во историјата. Но, сметам дека го стигнуваат годините и тешко му е да се соочи со тоа. Тој даде интервју и тоа стана популарно во светот. Некои коментари се чудни, но Манчестер Јунајтед треба да го реши проблемот“, вели Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…