Дома Фудбал Англија Руни ги осуди навивачите: Бев сведок на срамно однесување

Руни ги осуди навивачите: Бев сведок на срамно однесување

Вејн Руни од неодамна седна на клупата на Дерби Каунти во улога на привремен тренер.

За викендот Дерби го совлада Милвол со минимални 1:0, натпреварот беше обележан со враќањето на навивачите на трибините.

Сепак, во првиот натпревар на трибините тие не се однесуваа како што доликува. Имено, додека играчите клекнаа во знак на поддршка на кампањата „Black Lives Matter“ од трибините можеа да се слушнат навреди и свирежи.

Ваквото однесување на навивачите го осуди и Руни.

„Знаевме за можните проблеми, но не можевме да се припремиме за она што го слушнавме. Бев сведок на срамно однесување“, порача помеѓу другото Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…