„Скај Италија“ пренесува дека Паоло Малдини конечно ќе се врати во својот матичен клуб Милан, овој пат во улога на директор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендарниот Малдини во неколку наврати се поврзуваше со враќање во Милан, но овој конечно ќе се врати на местото каде што испиша историја.
Новите сопственици на Милан и директорот Леонардо инсистирале Малдини да се врати во клубот и му понудиле важна улога во раководството, која легендарниот капитен ја прифатил.
„Скај Италија“ пренесува дека се е договорено и дека во текот на денешниот ден ќе биде официјализирано враќањето на Малдини во Милан. Најверојатно ќе биде именуван во потпретседател со голема моќ на одлуки во работата на седумкратниот европски шампион.
BREAKING SKY says Maldini will return to Milan, the possible announcement could be today. pic.twitter.com/wyLmd9HdqJ
— Milan Eye (@MilanEye) August 5, 2018