Дома Фудбал Италија Роналдо: Јувентус е поинаков клуб, тука сите се како семејство

Роналдо: Јувентус е поинаков клуб, тука сите се како семејство

Кристиано Роналдо ужива во својот нов предизвик, Португалецот ова лето го замени Реал Мадрид со Јувентус. Се уште не одиграл ниту еден официјален натпревар, но тврди дека атмосферата во тимот е на завидно ниво.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот уште на стартот на својата авантура новиот клуб го чуствува како свое семејство.

„Ова е поинаков клуб, тука сите се како семејство. Луѓето се многу добри, а истото го мислам и за навивачите. Возбуден сум и сакам да донесам среќа за навивачите и тимот“, изјави Роналдо.

Роналдо додаде и дека одлуката за трансфер во Јувентус била лесна бидејќи според него станува збор за најголемиот клуб во Италија и еден од најголемите во светот.

Да потсетиме, Роналдо со Јувентус потпиша договор на четири години и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова би било спектакл: Македонија може да биде домаќин на Европско првенство!

Во фудбалските кругови на Европа сѐ погласно се шпекулира за можноста Балканот заеднички д…