Дома Фудбал Останато Роналдо херој: Во 97. минута донесе победа за Ал Наср 🎥

Роналдо херој: Во 97. минута донесе победа за Ал Наср 🎥

Eкипата на Ал Наср славеше победа од 2:1 против Ал Шаба, а херој за домаќините беше Португалецот Кристијано Роналдо.

Емерик Лапорт донесе предност за Ал Наср од 1:0, но Ал Хасан во 90. минута ја погоди сопствената мрежа и изгледаше дека Ал Шабаб ќе освои бод на ова гостување.

Но, длабоко во судиското продолжение Ал Наср доби пенал кој во гол го претвори Роналдо.

За Роналдо ова беше 55 гол во дресот на саудискиот клуб на 54 натпревар. Ал Наср со овие три бода дојде до 17 со кои е на второто место на табелата, Ал Шабаб со 12 е четврти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Возиња: Животот ми беше подобар пред Светското првенство

Возиња (40) го живее својот живот поинаку отколку порано. Пресвртната точка беше на Светск…