Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роналдо се заканил дека ќе си замине од Мундијалот

Роналдо се заканил дека ќе си замине од Мундијалот

Кристиано Роналдо прави сериозни проблеми во соблекувалната на националниот тим во изминатите денови, па сега доаѓа нова информација која може да предизвика бура.

Португалија славеше со 6-1 против Швајцарија во осминафиналето на Мундијалот, а Роналдо влезе во игра дури во завршницата од мечот, а тоа воопшто не му се допадна.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денес „Рекорд“ ексклузивно објавува дека кога Роналдо дознал дека нема да биде во стартните 11 во разговорот со селекторот се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата.

Роналдо тешко го прифатил седењето на клупата за резерви и му се заканил на селекторот Фернандо Сантош дека ќе си замине од селекцијата ако не се смени нешто во следниот период.

Роналдо претходно доби жестоки критики од страна на навивачите кои побараа Португалецот да биде преместен на клупата, а од неговото однесување не е задоволен ниту селекторот Сантош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Милан го „блиндира“ најголемиот италијански талент

Младиот фудбалер на Милан Франческо Камарда има само 15 години, но веќе важи за најголемио…