Дома Фудбал Роналдо по дебаклот: Навивачите заслужуваат подобро од ова

Роналдо по дебаклот: Навивачите заслужуваат подобро од ова

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл во дербито против Ливерпул во кое беше поразен со убедливи 0:5.

Со овој пораз се продлабочи кризата на „Олд Трафорд“ и прашање е уште колку време раководството ќе има трпение за Солскјер. По поразот на социјалните мрежи се огласи Роналдо.

„Некогаш резултатот не е таков каков што сакаме. И тоа зависи само од нас затоа што никој друг не може да биде виновен. Навивачите повторно беа неверојатни и не поддржуваа. Тие заслужуваат многу подобро, а ние мораме да бидеме подобри за нив. Дојде времето“, порача Португалецот.

Манчестер Јунајтед во последните четири кола во Премиер лигата освои само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…