Дома Фудбал Останато Роналдо одбил да гласа во изборот на ФИФА

Роналдо одбил да гласа во изборот на ФИФА

Лионел Меси вчера третпат во кариерата успеа да ја освои наградата на ФИФА за играч на годината.

Голем дел од јавноста не се со согласува со изборот, меѓутоа Аргентинецот го доби признанието бидејќи за него гласаа најголем дел од селекторите и капитените. Меси своите гласови ги дал за неговиот главен конкурент Халанд, потоа Мбапе и соиграчот од репрезентацијата Хулијан Алварез.

Како капитен на Франција, Мбапе гласал за Меси, па Халанд и Де Брујн. Кристијано Роналдо одбил да гласа како капитен на Португалија, па место него тоа го направил дефанзивецот Пепе. Пепе на прво место го ставил Бернардо Силва, па Халанд и Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо тргна соиграч од живиот ѕид, па неговиот тим прими гол поради тоа (Видео)

И покрај тоа што Ал-Наср се соочи со Абха во првенството на Саудиска Арабија и победи со 2…