И покрај силните критики кои упатуваат на негова сметка во последно време, Кристиано Роналдо продолжува да добива признанија за фантастичната 2017 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѕвездата на Реал Мадрид беше номониран за спортските Оскари „Laureus“ во категоријата „Најдобар спортист на светот“.
Конкуренти на Португалецот ќе му бидат тенисерите Роџер Федерер и Рафа Надал, пилотот од Ф1 Луис Хамилтон, атлетчарот Мо Фара и победникот на Тур д Франс, Крис Фрум.
Наградата се доделува од 1999 година, но никогаш не ја освоил фудбалер. Минатата година за „Најдобар спортист во светот“ беше избран Усеин Болт.
Реал Мадрид е номиниран во категоријата „Тим на годината“ заедно со Голден Стејт, францускиот „Дејвис Куп“ тим, Њу Ингланд и тимот на „Мерцедес“ од Формула 1.
?? El #RealMadrid y @Cristiano, nominados a los Premios Laureus 2018.
? MÁS ?#HalaMadrid https://t.co/ilGhXE7lxa
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 16, 2018