Дома Фудбал Останато Роналдо на Инстаграм ја блокирал најпознатата страница за вредност на фудбалерите

Роналдо на Инстаграм ја блокирал најпознатата страница за вредност на фудбалерите

Кристиано Роналдо се скарал со специјализираната страна за вредност на фудбалерите „Трансфермаркт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо бил лут затоа што му ја намалиле вредноста од 90 на 75 милиони евра па ги – блокирал на Инстаграм! Сега Португалецот според оваа страница цреди скоро двојно помалку од Лионел Меси кој „Трансфермаркт“ го проценува на 140 милиони евра.

Оваа страница со вредноста го стави Роналдо на 45. позиција, па Португалецот не им останал должен. Тие сакале да го означат на објава на Инстаграм, но тогаш забележале дека не можат затоа што Роналдо ги блокирал.

„Не можеме да го означиме затоа што не блокирал. Ни кажа дека не е задоволен од тоа како сме му ја процениле неговата вредност“, соопштија од „Трансфермаркт“.

Инаку, според оваа страница најголема вредност во овој момент има Килијан Мбапе, 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …