Дома Фудбал Роналдо: Мбапе во Реал ќе заработува 50 милиони евра годишно? Играв во погрешно време

Роналдо: Мбапе во Реал ќе заработува 50 милиони евра годишно? Играв во погрешно време

Бразилецот Роналдо Назарио беше фантастичен фудбалер, можеби и најдобар во својата генерација, но денес фудбалерите заработуваат огромни суми, тоа не беше случај во минатото.

Роналдо денес е сопственик на шпански Реал Ваљадолид, а во разговор за шпанските медиуми зборуваше и за најавениот трансфер на Мбапе во Реал Мадрид. Вчера германски „Билд“ објави дека се е завршено околу трансферот на Мбапе Реал и дека Французинот ќе заработува 50 милиони евра годишно.

„Мбапе е фантастичен, има неверојатна брзина и одлична завршница. Очекувам во еден момент сигурно да биде најдобар во светот. Прочитав дека оди во Реал и ќе заработува 50 милиони евра годишно. Ние игравме во погрешна генерација. Фудбалската индустрија пребрзо расте“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два поништени гола, но силна порака: Естевао бара поголема улога во Челси

Бразилецот блесна против Манчестер јунајтед и покажа што може да добие Челси со него и Пал…