Дома Фудбал Роналдо и Пепе соборија големи рекорди на европските првенства

Роналдо и Пепе соборија големи рекорди на европските првенства

Централниот дефанзивец на Португалија, Пепе стана најстариот играч во историјата на Европското првенство со 41 година и 113 дена откако во синоќа го започна натпреварот против Чешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пепе го надмина досегашниот рекорд на поранешниот унгарски голман Габор Кирали, кој имаше 40 години и 86 дена кога играше во осминафиналето во поразот од Белгија на ЕП 2016 година.

Рекорд сруши и Кристијано Роналдо, кој има 39 години и четири месеци. Тој и Пепе се двајцата најстари играчи од истиот тим кои некогаш учествувале на натпревар на ЕП. Роналдо вечерва стана првиот играч кој настапил на шест европски првенства.

Роналдо дебитираше на европските првенства во 2004 година, а моментално е рекордер со 25 натпревари и рекордни 14 гола на европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер плати 50 милиони евра за новото засилување!

Дензел Дамфрис замина кај Жозе Мурињо во Реал Мадрид, а управата на клубот предводена од Ѓ…