Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо и Лукаку го предводат најлошиот тим на ЕП📷

Роналдо и Лукаку го предводат најлошиот тим на ЕП📷

Шпанската „Марка“ го избраа најлошиот тим на Европското првенство кое завршува вечерва со финалето помеѓу Шпанија и Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот е составен од фудбалери од кои многу се очекуваше, но не ги оправдаа очекувањата и одиграа под просечно на ЕП.

Португалската ѕвезда Роналдо го предводи тимот во кој во нападот се уште и Ромелу Лукаку и Душан Влаховиќ.

Најлош голман според „Марка“ е Хрватот Ливаковиќ, покрај Ди Лоренцо и Манчини, друштво во одбраната му прават Зинченко и Кристенсен.

МекГин и Собослаи се придружници на Милинковиќ Савиќ во најлошиот среден ред.

По двајца претставници во овој тим имаат Италија и Србија, а по еден претставник селекциите на: Португалија, Белгија, Унгарија, Шкотска, Украина, Данска и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ФИФА на помалку еден месец до почеток исфрли судија од Мундијалот!

ФИФА презеде драстичен чекор пред претстојното Светско првенство, откако одлучи да го отст…