Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот, жал ми е за него“

„Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот, жал ми е за него“

Вчера беше завршено Светското првенство во Катар, а германската фудбалска легенда Лотар Матеус го нарече Кристијано Роналдо најголемо разочарување на овој Мундијал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матеус порача дека Роналдо со своето его не само што си наштетил на себе туку и наштетил и на селекцијата на Португалија. Лионел Меси на другата страна е целосна спротивност од Португалецот.

„Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на ова Светското првенство. Се спротивно од него беше Лионел Меси. Со своето его Роналдо се повреди себе си и својата репрезентација. Беше одличен фудбалер, но сега уништува се што создаде.

Искрено не би можел да го замислам во друг клуб, можам да кажам дека дури и ми е жал за него“, пишува Матеус во својата колумна за германски „Билд“.

Роналдо ќе потсетиме со Португалија го заврши настапот со поразот од Мароко во четвртфиналето, а Португалецот последните натпревари ги започнуваше од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јамал за првпат откри, завојот на раката кој го носи секогаш е поради легенда на Реал Мадрид!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, конечно го реши мистеријата за завојот што постојано г…