Kлубот од престолнината на Италија кој и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите постигна договор со младиот крилен играч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неодамна се појави вест за интересот на Рома за младиот талентиран играч и син на легендата Патрик Клајверт, Џастин. Сега „волчицата’ отиде и чекор подалеку.
Мино Раиола и Мончи, спортскиот директор на Рома постигна договор околу платата кој би ја добивал младиот Холанѓанец и се што преостана е само договор помеѓу Ајакс и Рома.
Ајакс наводно бара околу 20 милиони евра оштета, Рома игра на карата што договорот на фудбалерот со Ајакс му истекува на крајот на наредната сезона.
Клајверт има само 19 години и секако дека би бил одлична инвестиција за иднината на Рома.