Рома ова лето се уште не ги израдувала навивачите со некое звучно засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во римскиот клуб се свесни дека мораат да доведат засилување во одбраната откако Костас Манолас го напушти клубот. Манолас беше столб на одбраната и јасно е дека на Рома ќе и биде тешко да пронајде негова замена.
Управата на Рома на мета има неколку играчи за кои веруваат дека можат да бидат адекватно засилување . Едно од имињата е Даниеле Ругани од Јувентус.
Медиумите во Италија пишуваат дека Ругани после доаѓањето на Де Лихт самиот побарал трансфер бидејќи му е јасно дека нема да има многу простор за игра.
Рома сака Ругани да го доведе на позајмица. „Волчицата“ е спремна да понуди сума од два милиони евра со обврска на крајот од сезоната да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра.