Дома Фудбал Родригез: Дојдов со поинакво размислување, сега сакам да останам во Баерн

Родригез: Дојдов со поинакво размислување, сега сакам да останам во Баерн

На Хамес Родригез му се допаѓа во Германија и сака да остане во редовите на Баерн Минхен.

Родригез во овој момент за Баерн настапува како позајмен фудбалер од Реал, а Германците имаат опција да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната за сума од 42 милиони евра.

Самиот Родригез за германските медиуми потврди дека би сакал да потпише долгогодишен договор со Баерн.

„Добро ми оди во Баерн, лигата е силна, стадионите секогаш се исполнети. Дојдов во Минхен со поинакво размислување. Сега се чуствувам одлично и се надевам дека ќе останам тука“, изјави Родригез.

Оваа сезона Родригез во дресот на Баерн постигна осум погодоци и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…