Дома Фудбал Лига на шампиони Робертсон: Атлетико славеше како да е веќе во четвртфинале, а треба да дојде на „Енфилд“

Робертсон: Атлетико славеше како да е веќе во четвртфинале, а треба да дојде на „Енфилд“

Ливерпул вчера доживеа пораз од Атлетико Мадрид со 1:0 и пред своите гледачи нема да има лесна задача да го сврти резултатот во своја корист.

После натпревар бекот на Ливерпул, Енди Робертсон зборуваше за примениот гол и за реваншот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Со голот после корнерот им дадовме прилика за одличен старт и тоа за нив значеше поголема самодоверба и поголема поддршка од навивачите. Како што одминуваше натпреварот тие правеа се за да го умртват ритамот“.

„Не одигравме лошо, но знаеме дека можеме и подобро и имаме реванш за да го докажеме тоа. Вечерва тие по победата славеа како да се пласирале во четвртфиналето, сепак треба да дојдат на „Енфилд“ каде што ќе имаме голема поддршка од нашите навивачите“, изјави Робертсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…