Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез не даде конкретен одговор дали би ја напуштил репрезентацијата за да се пресели во Барселона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мартинез е главен фаворит за наследник на Куман на „Камп Ноу“, па новинарите го прашаа за можноста да седне на кормилото на Барселона.




„Не ми е лесно да го коментирам тоа. Веќе пет години ја водам Белгија и целосно сум фокусиран на работата овде. Дојдовме во Италија за да ја освоите Лигата на нации, но не успеавме. Сега ќе се насочиме кон квалификациите за Мундијалот. Немам ништо што да додадам“, изјави Мартинез.




Белгија вчера загуби од Италија (2:1) во битката за третото место во Лигата на нации.