Дома Фудбал Англија Ричарлисон ја воодушеви девојката, таа заплака од среќа

Ричарлисон ја воодушеви девојката, таа заплака од среќа

Ричарлисон ова лето потпиша за Евертон и веќе во дебито за новиот тим постигна два погодоци.

Евертон кај Волвс во саботата ремизираше со резултат 2:2, а Ричарлисон ги постигна двата гола за гостите и така покажа зошто е платен 45 милиони евра.

Поранешниот играч на Ватфорд би можел да биде една од ѕвездите во ПЛ и играч кој многу ветува, а тоа го знаат сите оние кои го следеа минатата сезона во премиерлигашките натпревари.

После натпреварот против Волвс, Ричарлисон тргна кон соблекувалната, а тогаш сретна една девојка и го подари дресот. Следуваа силни емоции кај малата среќничка па почна и да плаче.

Очигледно не му требаше долго да напаѓачот да ги привлече симпатиите од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …