Дома Фудбал Останато Рикардо Кака станува тренер

Рикардо Кака станува тренер

Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака има намера да започне тренерска кариера, шпанскиот „АС“ пренесува дека поранешниот освојувач на „Златната топка“ во својата татковина добил тренерска „А лиценца“ и наскоро би требало да преземе некој тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кака на својот Инстаграм профил и објави фотографија на која позираше со лиценцата со натпис „недостасува само уште тим“.

„АС“ пренесува дека со оваа диплома легендарниот фудбалер може да води тимови, но му преостанува уште да усовршува за да ја добие конечната „про лиценца“.

Славниот фудбалер во текот на играчката кариера имаше од кого да учи затоа што соработуваше со тренерски имиња како Анчелоти и Жозе Мурињо. Во играчката кариера Кака настапуваше за Сао Паоло, Милан, Реал Мадрид и Орландо Сити. Со репрезентацијата на Бразил за која одигра 92 натпревари и постигна 29 голови во 2002 година стана светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…