Дома Топ вести Кака: Најдобар момент во Реал Мадрид ми беше кога ми потврдија дека заминувам

Кака: Најдобар момент во Реал Мадрид ми беше кога ми потврдија дека заминувам

Легендарниот Рикардо Кака денес во Берлин ќе трча маратон, а по тој повод направи и едно големо интервју за шпанска „Марка“.

Една од најинтересните теми беше неговиот одговор на прашањето кој му е најдобар момент во кариерата во Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Звучи чудно, но би го избрал денот кога ми потврдија дека заминувам. Тогаш разговарав со Флорентино перез и тој ми кажа дека во мене гледа голем професионалец кој дал се од себе за да донесе успех и големи резултати во Мадрид, но повредите и малата минутажа не го дозволиле“.

„Тие зборови на Перез ми дадоа големо задолвство затоа што почувствував дека вратите во Реал Мадрид ќе ми бидат отворени во иднина. Затоа никогаш од мене нема да слушнете нешто лошо за Реал Мадрид или Жозе Мурињо“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…