Дома Фудбал Останато Ренџерс го доби култното дерби со Селтик! ?

Ренџерс го доби култното дерби со Селтик! ?

Селтик го пречека Ренџерс во рамките од 11. коло во Шкотска, а победата ја однесе гостинскиот тим.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тимот на Стивен Џерард одигра одличен натпревар и го доби Селтик со 0:2. Од самиот старт Ренџерс тргна да напаѓа кон голот на Селтик, топката во главно беше во нивни посед и скоро секогаш кога доаѓаа пред шеснаесетникот беа опасни.

Првиот гол го видовме во 9. минута кога Таверни изведе слободен удар, а највисок во скокот беше Голдсон. Селтик после овој гол беше подобар противник неколку минути, имаа неколку удари кон голот кои беа изблокирани, одбраната на Ренџерс покажа квалитет во тој момент.

На почетокот на второто полувреме видовме нов гол во мрежата на Селтик, топката среќно дојде до Голдсон кој со многу среќа ја испрати во мрежата за конечни 0:2.

Имаше Селтик шанса да се врати пред самиот крај на натпреварот, но таа шанса остана неискористена и Ренџерс славеше со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…