Дома Македонски спорт Ребров: Македонија беше одлична, го сменивме натпреварот во второто полувреме

Ребров: Македонија беше одлична, го сменивме натпреварот во второто полувреме

Македонската фудбалска репрезентација денес претрпе пораз од Украина со 2:3 (ТУКА) во рамките третото коло во квалификациите за Европското првенство.

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров секако беше задоволен од она што го прикажа неговата репрезентација на теренот, а истакна дека работите се смениле во второто полувреме.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Ова беше важен и тежок натпревар за нас. Ситуацијата на теренот се смени во второто полувреме и сите видовте како заврши, за среќа тоа беше добро за нас. Македонија е репрезентација со многу квалитет и искусни играчи кои ни правеа проблеми во второто полувреме. Како што споменавме на полувремето пронајдовме начин да го свртиме натпреварот во наша корист“, изјави Ребров.

Украина за три дена ја чека натпреварот со Малта, додека Македонија ќе игра против Англија на гости на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Валверде даде ветување: Еве што ќе направи ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на ш…