Дома Трансфер зона Реал спрема трампа во која Јовиќ ќе го испрати во Серија А?

Реал спрема трампа во која Јовиќ ќе го испрати во Серија А?

Реал Мадрид наводно е спремен да го испрати Лука Јовиќ во редовите на Наполи за да дојде до потписот на Фабијан Руиз.

Јовиќ не се наигра премногу оваа сезона во дресот на „кралевите“. Постигна само два гола на 15 настапи и се повеќе се пишува за негово заминување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наполи е еден од клубовите кои често се споменуваат како потенцијална дестинација, а Реал според тврдењето на Шпанците ќе се обиде да го искористи за да го доведе Фабијан Руиз. Руиз е една од главните мети на Зидан за летниот преоден рок. Тимот од Неапол е спремен да го пушти за 60 милиони евра, а Реал веројатно ќе мора да додаде и одредена сума за да дојде до потписот на Руиз.

Руиз до прекинот на сезоната беше еден од главните играчи на Наполи и во досегашниот дел од сезоната постигна два гола и запиша две асистенции.

Покрај Реал Мадрид интерес за Руиз покажа и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…