Раководството на Реал Мадрид сериозно ја разгледува можноста да му понуди нов договор на ветеранот Марсело.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Бразилецот истекува на лето и се очекуваше тој да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Во последните денови, сепак, дојде до пресврт и сега се големи шансите тој повторно да потпише за уште една сезона, тврди „Мундо Депортиво“.
Пред неколку дена, 33-годишниот лев бек стана играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид. Тој веќе има 24 пехари на своето конто – еден повеќе од Пако Хенто. Ова стана факт откако „кралевите“ и официјално ја обезбедија титулата во Примера.
Марсело оваа сеозна запиша само 5 натпревари во Ла Лига, но е важен дел од соблекувалната и прифатил значително намалување на платата за да остане во Мадрид.