Дома Фудбал Реал Мадрид спреми нов договор за Тони Крос

Реал Мадрид спреми нов договор за Тони Крос

Реал Мадрид сака да го продолжи договорот со Тони Крос, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Германецот истекува во јуни 2023 година, но „кралевите“ се спремни да му продолжат продолжување на додатни 12 месеци, пренесува „Марка“.

32-годишниот Крос пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2014 година и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Крос се уште е многу важен дел од тимот на Реал Мадрид, па раководството сака да ја продолжи соработката.

Германскиот плејмејкер во неколку наврати истакна дека сака да ја заврши кариерата во Реал, па не би требало да има проблеми во преговорите за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Здодевно, па драма: Јужна Кореја го почести Мексико (Видео)

Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито на…